Едвај извлекоа жива глава од Кабул, а сега настапија на Параолимписките игри

Расули не настапи во својата дисциплина туку се натпреваруваше во скок во далечина/ фото: EPA-EFE/Simon Bruty

Авганистанскиот параолимпиец Хосаин Расули задоцни на саботното натпреварување во дисциплината во која се напреварува па поради тоа се одлучи да се натпреварува во скок во далечина.

Хосаин Расули (26) е еден од двајцата авганистански параолимпијци кои изминатиот викенд беа евакуирани од Авганистан каде талибанците по 20 години се вратија на власт и настапи на Параолимписките игри во Токио. Авганистанските параолимпијци со авионски лет преку Париз пристигнаа во Токио каде Расули го освои последното 13 место во дисциплината скок во далечина.
Најдобриот од неговите неговите три скокови изнесуваше 4.46 метри, додека 12. во квалификациите скокна 1.32 метри повеќе.

Расули требаше да се натпреварува на трката на 100 метри, но задоцни на саботните квалификации по што организаторот му предложи да трча на 400 метри. Но, тој го одби предлогот и се одлучи да настапи во скок во далечина.

Втората евакуирана параолимпијка е првата жена која по 2004 година го претставува Авганистан на Параолимписките игри, Закаи Худадади (22) која поради тешката ситуација во нејзината држава мислеше дека ќе ги пропушти Игрите во Токио. Но со помош на неколку светски организации, параолимпијците во саботата пристигнаа во Токио. Худадади ќе дебитира на Параолимписките игри ќе се натпреварува во таеквондо.

ВИДЕО: Им се оствари сонот, параолимпијците од Авганистан пристигнаа во Токио

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот