Едноставно, а софистицирано: Кралицата Летиција во фустан на преклопување кој треба да го има секоја дама! (ФОТО)

profimedia

Шпанската кралица Летиција (46) со својот префинет стил на облекување ги воодушевува сите, таа е модна инспирација за сите жени.

Таа на воената церемонија во Севиља се појави во огнено-црвен фустан на преклоп со потписот на брендот „Cherubin“, а софистицираното издание го искомбинира со ташничка и потпетици во иста боја.

profimedia

Овој одмерен, но елегантен модел на тоалета дополнително ја нагласи нејзината витка линија.

profimedia

Нејзината убавина и елеганција дополнително се истакнаа со дискретните обетки со рубин и пунџата, која инаку често ја преферира.

profimedia

Инаку, фустаните на преклоп се во тренд оваа сезона, а жените ги обожуваат бидејќи одлично ги прикриваат недостатоците и лесно се вклопуваат во сечиј моден стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот