Едномесечен притвор за лицето осомничено за кражба на над 2 милиони евра од Државната каса на Косово

Основниот суд во Приштина го одобри барањето на Основното обвинителство во Приштина за изрекување мерка притвор во траење од еден месец против осомничениот Лабинот Груда, кој е обвинет за „злоупотреба на службена должност и овластување“.

На обвинетиот му беше одреден притвор, бидејќи може да избега со цел да избегне кривична одговорност и да биде недостапен за правдата и да спречи проток на кривична постапка со влијание врз сведоци и други соучесници. За него постои сомнение дека нелегално на сметка на приватна компанија префрлил 2.077.995,90 евра.

Адвокатот на обвинетиот, Ветон Ррецај врди дека неговиот клиент е невин.

„Чекаме фер одлука, верувам во невиност на мојот клиент“, изјави тој.

Министерката за финансии, Хикмете Бајрами пред Комисијата за финансирање и буџет рече дека „злосторството е сторено преку сајбер напад“

Во меѓувреме во Косово се случи уште една тешка кражба во јавна институција. Овој пат мета на крадците беше сефот на Агенцијата за храна и ветеринарство кој тежи 300 килограми. Полицијата сè уште ги истражува овој случај и за сега не се знае колку пати имало во сефот.

АФЕРА го тресе Косово: Од Државната каса исчезнаа повеќе од 2 милиони додека траеше пауза за ручек

Хоти за скандалот од над 2 милиони евра: Измамниците ќе излезат на површина како стаорци кога ќе останат без вода

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот