Едно лице загина во експлозијата во хемиската фабрика во Каталонија

ФОТО: Принтскрин/Твитер

Лицето кое загина настрадало откако зграда се срушила врз него.

Најмалку едно лице го загуби животот во експлозијата во хемиската фабрика во Каталонија, а една се води за исчезната, јавуваат шпанските медиуми.

Според првичните извештаи, најверојатно причина за експлозијата е хемиска реакција.

Лицето кое загина настрадало откако зграда се срушила врз него.

Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека е во контакт со властите на Каталонија и оти Мадрид е спремен да ја пружи неопходната помош.

Според извештаите на тамошните медиуми, на местото на настанот има 20 противпожарни возила, еден хеликоптер и 11 возила на Итната медицинска помош.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот