Една од најголемите англиски ѕвезди може да остане без Мундијал поради Тухел
Фудбалската репрезентација на Англија би можела да отпатува на Мундијалот без својата најголема ѕвезда. Џуд Белингам, асот на Реал Мадрид, во моментов е надвор од терените поради повреда, но се чини дека тоа не е единствениот проблем.
Препорачано
Британските медиуми пренесуваат дека селекторот Томас Тухел сериозно размислува да се откаже од услугите на одличниот играч од средниот ред. Причините наводно се честите повреди, но и променливата форма во изминатиот период.
Германскиот стратег веќе јавно порача дека на Светското првенство ќе патуваат само фудбалери кои се сто отсто подготвени и целосно фокусирани на задачата.
Односот меѓу Тухел и Белингам дополнително се влошил по натпреварот меѓу Англија и Албанија, кога младиот играч негодувал поради замената. Селекторот тогаш јасно му ставил до знаење дека во тимот не му се потребни фудбалери кои незадоволството го покажуваат со гестикулации и негодување на теренот.
Реал Мадрид ја потврди повредата на Белингам, познато колку ќе паузира
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


