Реал Мадрид ја потврди повредата на Белингам, познато колку ќе паузира
Реал Мадрид денеска доби лоши вести во врска со повредата на својот играч од средниот ред, Џуд Белингам. Англискиот репрезентативец се повреди на вчерашниот натпревар против Рајо Ваљекано, а по дополнителните медицински прегледи официјално е утврден степенот на повредата.
Препорачано
Станува збор за повреда на бутниот мускул на левата нога, поради што Белингам ќе мора да паузира најмалку еден месец. Тоа значи дека Реал ќе биде значително ослабен во важен дел од сезоната.
Поради повредата, Белингам ќе ги пропушти натпреварите во Примера против Валенсија, Реал Сосиедад и Осасуна, како и двата плејоф дуели во Лигата на шампионите против Бенфика.
Очекувањата се дека англискиот фудбалер ќе се врати на терен на 1 март, кога „кралевите“ ќе се соочат со Хетафе.
Во досегашниот тек од сезоната, Белингам настапи на 26 натпревари во дресот на Реал Мадрид, при што постигна шест погодоци и забележа четири асистенции, потврдувајќи ја својата важна улога во тимот на „кралевите“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
17мин
-
33мин
-
40мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


