Една од најдобрите светски ракометарки ќе се пензионира

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Eдна од најдобрите светски ракометарки, Кристина Неагу на 34 години планира да стави крај на својата богата кариера.

Неагу го носи дресот на ЧСМ Букурешт и настапува на левата бековска позиција, а уште пред Европското првенство најави дека планира да му каже „збогум“ на ракометот. Романија обезбеди пласман на Светското рпвенство кое се игра оваа година, но не е познато дали Неагу ќе настапи.

Во кариерата Неагу успеа да стане најдобар стрелец на Европските првенства и во машка и во женска конкуренција со 303 постигнати гола, зад неа Исланѓанецот, Гудјон Валур Сигурдсон.

Неодамна беше во центарот на вниманиеето откако беа објавени нејзините примања кои изнесуваат 22.000 евра месечно што е сума поголема од 99% од фудбалерите во романското рпвенство.

Зад себе има и четири награди за најдобра светска ракометарка во 2010, 2015. 2016 и 2018 година, а во 2015 година со Будуќност стана европски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот