Еден тон кокаин се запленети во Уругвај

Заплена на кокаин / фото: МИА

Министерството за внатрешни работи на Уругвај соопшти дека заплени еден тон кокаин. Дрогата распоредена во 817 пакети била пронајдена во Парке дел Плата, летувалиште во јужниот дел на земјата, околу 55 километри источно од Монтевидео.

Полицијата уапси тројца шверцери на дрога.

Запленувањата на кокаин во Уругвај, кој не е производител, станаа се почести во последните години.

Германската полиција во петокот соопшти дека запленила рекордни 4,5 тони кокаин од брод кој пристигнал од Уругвај.

Италијанецот Роко Морабито, познат како „Крал на кокаинот” уапсен е во Уругвај во 2017 година, но кон крајот на јуни побегна од затвор во Монтевидео и се уште е во бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот