Дилан Осетковски/ EPA/ANDREJ CUKIC

Еден од најважните кошаркари на Партизан суспендиран поради допинг

Кошаркарот Дилан Осетковски од редовите Партизан  доби официјална суспензија поради прекршување на антидопинг правилата и нема да може да настапува до крајот на 2026 година.

Одлуката ја донела шпанската национална антидопинг агенција, која преку надлежните институции го информирала белградскиот клуб. Веднаш по известувањето, раководството на Партизан реагирало и го отстранило Осетковски од тимот. Според решението, забраната за настап важи до 22 декември 2026 година, што значи дека искусниот кошаркар ќе биде надвор од терените во подолг временски период.

Случајот датира од 2023 година, кога Осетковски настапувал во шпанското првенство и бил позитивен на допинг тест. Иако во меѓувреме имало постапка што му овозможила трансфер во Партизан, новите околности целосно ја смениле ситуацијата.

Ова претставува сериозен удар за црно-белите, со оглед на тоа што Осетковски неодамна имаше значајна улога во настапите на тимот во Евролигата и беше еден од поважните алки во ротацијата. Сега, Партизан ќе мора да бара нови решенија без еден од клучните играчи во ростерот.

ВИДЕО | Евролига: Партизан по голема драма загуби од Реал Мадрид во Белград

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот