Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Евролига: Партизан по голема драма загуби од Реал Мадрид во Белград

Кошаркарите на Партизан денеска играа против Реал Мадрид во Белград во рамките на Евролигата, а „црно-белите“ загубија по неизвесна завршница од 73:77.

Српскиот клуб на овој натпревар играше без Дилан Осетковски, Камерон Пејн, Карлик Џонс, Џабари Паркер, Мика Муринен и Вања Маринковиќ.

Домаќините го започнаа натпреварот солидно на крилата на Ник Калатес, кој делеше асистенции како во своите најдобри денови, но гостите успеаја да го свртат натпреварот со тројки и проигрување преку Валтер Таварес и да поведат со 10 поени на полувреме.

На крајот, Партизан успеа да ја стопи таа предност, да влезе во драмата, но Марио Хезоња од слободните фрлања го реши овој натпревар.

Стерлинг Браун шутираше тројка во последниот напад, промаши, но дури и да беше прецизен, немаше време за ништо повеќе.

За Партизан најефикасен беше Браун со 14 поени (четири асистенции), а истиот учинок кај Шпанците го имаа Хезоња (шест скока) и Лајлс.

Евролига, 28 коло

Петок, резултати:

Жалгирис Каунас – Хапоел Тел Авив 93:82
Монако – Басконија 102:92
Панатинаикос – Фенербахче 83:85
Олимпија Милано – Дубаи 78:96
Партизан – Реал Мадрид 73:77

Табела: Фенербахче 20-7, Олимпијакос 18-9, Валенсија 18-10, Реал Мадрид 17-11, Барселона 17-11, Хапоел Тел Авив 16-11, Жалгирис Каунас 16-12, Монако 16-12, Панатинаикос 16-12, Црвена звезда 16-12…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот