Oливер Гласнер/Crystal Palace F.C

Еден од најбараните менаџери во Премиер лигата сака нов предизвик, потврди дека заминува

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, официјално потврди дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти клупата на лондонскиот клуб, откако одлучи да не ја продолжи соработката по истекот на договорот.

Австрискиот стратег, кој во 2022 година со Ајнтрахт Франкфурт ја освои Лигата на Европа, во моментов важи за еден од најпосакуваните тренери во Премиер лигата. Неговото име во изминатиот период се поврзуваше со можни ангажмани во Манчестер јунајтед и Тотенхем, но засега, како што самиот истакна, нема постигнато договор со ниту еден клуб.

„Одлуката беше донесена уште пред неколку месеци. Во октомври, за време на репрезентативната пауза, имав долг разговор со претседателот на клубот, Стив Периш и му кажав дека нема да потпишам нов договор“, изјави Гласнер на денешната прес-конференција пред саботниот дуел со Сандерленд.

Гласнер го презеде Кристал палас во 2024 година и успеа да го стабилизира тимот, извлекувајќи го од зоната за испаѓање и завршувајќи ја сезоната на 10. место. Во претходната сезона Палас го освои 12. место, но го запиша и најголемиот успех во клупската историја со триумфот над Манчестер сити (1-0) на „Вембли“ и освојувањето на ФА Купот.

Потврдата за неговото заминување доаѓа во ден кога, според медиумите на Островот, Манчестер сити го обезбедил потписот на Марк Гуехи, еден од клучните дефанзивци во редовите на Кристал Палас.

Пеп добива уште едно големо засилување, Сити се договори со фудбалерот кој требаше да го засили Ливерпул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот