Пеп Гвардиола/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Пеп добива уште едно големо засилување, Сити се договори со фудбалерот кој требаше да го засили Ливерпул

Марко Гуехи кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити, објави познатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.

Капитенот на Кристал палас постигнал договор со „граѓаните“, а трансферот се очекува наскоро да биде и официјално потврден. Манчестер сити за услугите на англискиот репрезентативец ќе издвои 23 милиони евра.

Причината за релативно ниската сума за еден од најдобрите стопери во Премиер лигата е тоа што на Гуехи на крајот од сезоната му истекува договорот со лондонскиот клуб. Подолго време сериозен интерес за него покажуваше и Ливерпул, со кој дефанзивецот беше многу блиску до договор пред стартот на сезоната.

Имено, Ливерпул и Кристал Палас последниот ден од преодниот рок се договорија за трансфер вреден 40,5 милиони евра, но под услов Палас да пронајде соодветна замена. Изборот падна на Игор Жулио, кој на крајот сепак заврши во Вест хем, по што клубот од Лондон го стопираше трансферот.

Гуехи ќе биде второ големо засилување за Манчестер сити откако претходно пристигна Антоан Семењо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот