Еден од хероите на ЕП верен на МЗТ Скопје

mztskopjeaerodrom.mk

Митевски денеска потпиша нов тригодишен договор со аеродромскиот клуб, моментно станува збор за еден од нашите најталентирани кошаркари.

Летово беше меѓу најзаслужните што „жолто-црвените“ јуниори го освоија четвртото место на Европското првенство (ЕП), дивизија „Б“, во Орадеа (Романија).

Митевски минатата сезона беше предводник на две шампионски генерации, поточно на младинскиот тим кој заврши како првопласиран во Втората лига, како и на јуниорскиот состав кој беше најдобар во М-18 лигата во организација на нашата кошаркарска федерација.

Подолгорочниот договор со талентираниот Дарио е само уште една потврда на заложбите на МЗТ за давање шанса на најдобрите млади играчи во државата, за што и беше донесена одлуката младинскиот тим на МЗТ да игра во Првата лига следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот