ЕЦДЦ алармира: Децата од 12 години да се вакцинираат против ковид-19 само ако се во ризична група

Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Земјите-членки на Европска Унија пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против ковид-19 треба да го земат во предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за преевенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се во голем ризик.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри имунизација на деца од 12 години со вакцината на Фајзер/Бионтек, а Европска комисија вчера ја одобри употреба на истата вакцина кај деца на возраст од 12 до 15 години.

ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа за вакцинацијата, со која управуваат националните влади.

Според досегашните истражувања, поголемиот број од лицата под 20 години кои ќе се инфицираарт со ковид-19 имаа мали симптоми, но ризиците се зголемуваат кај тие што имаат неуролошки или белодробни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот