Ѕвездата на „Пики блајндерс“ уапсен: Консумирал дрога во близина на 17-месечно бебе
Ѕвездата на популарната серија „Пики блајндерс“, Пол Андерсон на 26 јануари бил фатен со дрога во локален паб во Хемпстед, Велика Британија. Актерот, кој го игра Артур Шелби во хит-драмата, бил со пријател и 17-месечно бебе кога полицијата му пронашла дрога од класа А и луле што се користи за пушење, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Актерот оваа недела пред судот ја призна вината дека поседувал дрога, односно крек-кокаин, амфетамин од класа Б и две супстанци од класа Ц на рецепт. Сега, Андерсон ќе треба да плати казна од 1.575 евра.
Инаку, актерот бил фатен откако гостин во пабот му рекол на менаџерот дека чувствува мирис на испарувања од крек што доаѓа од тоалетот за хендикепирани, по заминувањето на актерот. Менаџерот на пабот повикал полиција, која го пронашла „дрогираниот“ Андерсон во близина со млад човек и 17-месечно бебе.
Тој бил одведен во полициска станица каде полицајците пронашле крек-кокаин, обвивка во кафеав прав за која било откриено дека содржи амфетамин, како и дијазепам и прегабалин.
Креаторите на серијата, во која глумеше и неодамнешниот кандидат за Оскар, Килијан Марфи, моментално развиваат игран филм за бандата од Бирмингем, но обвинувањето на Андерсон може да има „значително влијание“ врз филмот, изјави извор за „Дејли мејл“.


