ДЗС: Зголемување на индексите на трошоци за живот на годишно ниво

Трошоците на животот во јануари во оваа година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,2 процента, а кај цените на мало нема промени. Во однос, пак, на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

– Намалување на индексите на трошоците на живот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,5 проценти, свежото и разладено овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти, стои во информацијата на ДЗС.

Исто така, според ДЗС, е забележано намалување на индексите на трошоци на живот и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7 проценти, течните горива за домаќинства за 1,9 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,3 проценти, итн. 

– Пораст на трошоците на животот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, кај џемот, кај медот, кај чоколадата и кај кондиторските производи за 0,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 проценти, маслото и маснотиите за 0,4  проценти, жестоките пијалаци за 0,3 проценти, потенцираат од ДЗС.

Во јануари, исто така, пораст на трошоците на живот, како што нагласува ДЗС, е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3,6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2 процента, мебелот и покуќнината за 1,6 проценти, велосипедите за 1,4 проценти, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот