Фото: Џудо Клуб Дрим Струга

Џудистите на Дрим Струга со четири медали на меѓународниот натпревар во Романија

Македонскиот џудо клуб Дрим Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Дробета Турно Северен“ што се организираше во Романија.

Настапија над 300 натпреварувачи од повеќе земји, а на овој настан имаше и џудисти од Дрим Струга кои уште еднаш покажаа дека со напорна работа, дисциплина и верба во себе можат да се постигнат големи успеси и дека Струга има светла спортска иднина за градот и за Македонија.

Прво место во категоријата -66 килограми освои Енил Ајдоноски, сребрени медали имаат Даријан Ночески (-38 кг.) и Софија Ноческа (-44 кг.), а бронза Ненад Костоски (-38 кг.)

Од клубот информираат дека одлични борби прикажаа и Мила Стојмиловска, Славјан Чаторошкоски и Божидар Јуловски, но не успеаја да се закитат со медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот