Амал и Џорџ Клуни/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Џорџ Клуни призна: „По разговор со Амал, ветив дека повеќе нема да бакнувам жени на филм“

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (64) отворено призна дека периодот кога важеше за еден од најголемите срцекршачи на филмското платно е завршен. По разговори со сопругата Амал Клуни (47), актерот одлучил дека повеќе нема да прифаќа улоги во кои треба да бакнува други жени на филмскиот сет, пишува „Дејли мејл“.

Клуни, кој низ кариерата глумеше во бројни романтични филмови и делеше бакнежи со актерки како Џулија Робертс и Кетрин Зета-Џонс, вели дека возраста веќе не му дозволува таков тип улоги. Во изјава за „Дејли мејл“, тој објасни дека сака да го следи примерот на легендарниот Пол Њуман.

„Се обидувам да одам по патот по кој одеше Пол Њуман – ‘Добро, веќе не бакнувам девојки на екран’“, изјави Клуни.

Џорџ и Амал се во брак од 2014 година и се родители на осумгодишните близнаци Ела и Александар. Зборувајќи за прифаќањето на минувањето на времето, актерот откри дека на 60-годишна возраст имал сериозен разговор со сопругата.

„Ѝ реков: ‘Сè уште можам да играм кошарка со момците, играм со 25-годишни, во форма сум’. Но за 25 години ќе имам 85. Без разлика колку здрава храна јадеш, тоа е реална бројка“, искрено призна тој.

Клуни се потсети и на непријатен момент од почетокот на кариерата, кога режисер му забележал на начинот на кој се бакнувал во сцена. Како што раскажа за „Њујорк тајмс“ (The New York Times), по снимањето на една интимна сцена режисерот му рекол: „Не така“, на што тој одговорил: „Човече, тоа е мојот потег, така се бакнувам и во реалниот живот!“.

Неодамна, актерот даде редок увид и во семејниот живот, признавајќи дека станал татко подоцна токму за да може повеќе да се посвети на децата. Во разговор за „Тајмс“ (The Times), Клуни истакна дека младите луѓе честопати мораат да жртвуваат време со семејството за да ја изградат кариерата.

„За мене е полесно – јас добив деца подоцна и можам повеќе време да поминувам со нив. Кога си млад, тоа е многу потешко“, објасни тој, додавајќи дека денес, кога е поискусен и финансиски стабилен, може да биде многу попребирлив околу проектите што ги прифаќа, за разлика од почетоците кога, како што вели, „немаш никаква контрола“.

Џорџ Клуни го откри советот што му го дал Пол Њуман и му го променил животот: „Веднаш сѐ доби смисла“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот