Џордан го сака Дантони за тренер на Шарлот

Мајк Дантони/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Мајк Дантони е главен фаворит да стане нов тренер на НБА екипата на Шарлот хорнетс.

Дантони деновиве треба да има средба со сопственикот на Шарлот, легендарниот кошаркар Мајкл Џордан на кој треба да разговара за неговиот потенцијален ангажман како нов тренер на „стршните“.

Иако беше договорено екипата да ја преземе Кени Еткинсон кој со Голден Стејт ја освои титулата, на крајот тој одлучи да се повлече и да остане во стручниот штаб на „воините“ како помошник на Стив Кер.

Поради тоа, во преден план излезе Дантони има голем удел во новиот стил на кошарка што се игра во НБА лигата во моментов.

Дантони тренерската кариера ја започна во Италија каде ги тренираше екипите на Олимпија Милано и Бенетон, а потоа се пресели во НБА каде беше асистент тренер во Денвер, а од 2003 година седна на клупата на Феникс и два пати играше во финалето за Западната конференција.

Потоа ги водеше и екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон рокетс, а последен ангажман му беше како асистент тренер во Бруклин нетс.

Видео на денот