Џонсон Мети: Струјата и гасот поскапеа, но цените на нашите производи се фиксни

Џонсон мети, Фото: Архива

Компанијата „Џонсон Мети“ е еден од најголемите потрошувачи на гас во Технонолошко-индустриската зона Бунарџик, но истовремено компанијата е и голем потрошувач на струја. Управителот на компанијата, Боријан Борозанов, во изјава за „Слободен печат“ вели дека овој трошок нема да падне на грбот на крајните потрошувачи, затоа што компанијата има повеќегодишни договори со фиксни цени со фирмите на кои им ги испорачува своите производи.

– Гасот го набавуваме преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни цени и како што ни е кажано тој е обезбеден за оваа година. Сега, по празниците треба да ги склучиме и договорите, а според информациите цената е повеќекратно повисока од ланската. Исто се однесува и на електричната енергија. Но, од друга страна ние имаме повеќегодишни договори со компаниите на кои сме им добавувачи со фиксни цени кои не се менуваат. Така, овој трошок ќе падне на наш грб и сметаме дека тоа ќе го изменаџираме со поголема продуктивност во производниот процес – вели Борозанов.

Тој објаснува дека производниот процес во компанијата е таков што струјата и гасот немаат доминантно влијание врз трошоците, но дека сепак заголемувањето на цените е голем удар во работењето.

Британската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето. „Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12.000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”. Во Македонија, како што велат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, „Џонсон Мети“ имаа  европска мега-фабрика за автокатализатори  и тоа е најголемата инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот