Џони Деп се враќа на голема врата: Неговиот филм ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

Џони Деп на Канскиот филмски фестивал во 2011 година / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Првиот игран филм на Џони Деп по судењето за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, беше избран за отворањето на Канскиот филмски фестивал следниот месец во Франција, соопштија организаторите во средата.

Во филмот на француски јазик „Jeanne du Barry“ глуми режисерката Мајвен ле Беско, а ликот опишува жена која од сиромаштија се издигнала во круговите на кралот Луј Петнаести. Деп го игра кралот Луј Петнаести во филмот, чија светска премиера ќе биде во Кан на 16 мај.

Актерот од „Pirates of the Caribbean“ имаше неколку филмски и телевизиски настапи откако заврши неговото судење во јуни 2022 година. Тој пријатно ги изненади своите фанови со појавувањето на „MTV Video Music Awards“ и модното шоу на Ријана „Savage X Fenty“. Деп, исто така, го позајми својот глас во анимираниот филм „Johnny Puff: Secret Mission“.

Актерот се обидува да ја обнови својата кариера откако извојува речиси целосна победа во неговата правна битка со поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот