ВИДЕО | Џонатан го прослави својот 190 роденден: И покрај возраста, желката сè уште има добро либидо!
Желката по име Џонатан наполни 190 години и со титулата најстаро живо копнено животно влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата желка на светот.
Препорачано
Се проценува дека Џонатан е роден во 1832 година, што значи дека оваа година наполнил 190 години, објавено е во Гинисовата книга на рекорди. Тоа значи дека Џонатан е роден пред кралицата Викторија да се качи на британскиот трон во 1837 година.
View this post on Instagram
Оваа џиновска желка од Сејшели (Aldabrachelys gigantea hololissa) веќе беше носител на Гинисовиот рекорд како најстаро живо копнено животно, но сега официјално е најстарата желка или желка бар чија возраст е забележана. Џонатан ја победи претходната рекордерка Туи Малила, која живеела најмалку 188 години пред да умре во 1965 година. Џонатан живее на Света Елена, остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан.
View this post on Instagram
„Тој е локална икона, симбол на истрајноста во соочувањето со промените“, рече Џо Холинс, ветеринарот на Џонатан, за Гинисовата книга на рекорди.
Џонатан пристигнал во Света Елена во 1882 година, кога имал околу 50 години, според Британскиот музеј во Лондон. Фотографијата на Џонатан, датирана помеѓу 1882 и 1886 година, покажува дека тој бил целосно возрасен, што сугерира дека имал најмалку 50 години кога е направена, така што денес може да има повеќе од 190 години. Џонатан е слеп и не може да мириса, но сепак пасе во дворот на резиденцијата на гувернерот на Света Елена, каде живее со своите колеги, џиновските желки Дејвид, Ема и Фред.
View this post on Instagram
За да се осигураaт дека добива доволно калории, еднаш неделно го хранат ветеринари. Омилена храна му се зелката, краставицата и морковот. Покрај храната, главните интереси на Џонатан вклучуваат спиење и парење.
„И покрај неговата возраст, Џонатан сè уште има добро либидо“, вели ветеринарот Холинс.
Научниците сè уште не ги разбираат сите процеси кои им овозможуваат на желките како Џонатан да живеат толку долго. Џиновските желки брзо ги убиваат оштетените клетки во процес наречен апоптоза, кој им овозможува да се заштитат од оштетување на клетките до кои се доаѓа како што старееме.
Долговечноста на Џонатан можеби е неспоредлива на копно, но во водата има животни кои живеат подолго. На пример, се проценува дека ајкулите од Гренланд (Somniosus microcephalus) имаат животен век од најмалку 272 години, а хидрата, група мали безрбетници слични на медузите, постојано ги регенерираат своите клетки и се чини дека воопшто не стареат.


