Џо Роган има ковид, а се лечи со лек за коњи
Џо Роган, еден од најпознатите и највлијателни водители на подкасти во светот, се зарази со коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Роган се зарази со вирусот, неколку месеци откако на својот подкаст „Искуството на Џо Роган“, ги поттикна младите и здравите луѓе да не се вакцинираат против ковид-19.
View this post on Instagram
Во снимката која ја објави на својот Инстаграм профил, Роган вели дека се чуствувал омалаксано, па решил да направи ковид тест, кој му бил вратен позитивен. Тој додаде дека пред да го направи тестот, се изолирал од неговото семејство.
Тој пред неколку месеци доби силни критики од јавноста, кога изјави дека нема потреба здравите и младите луѓе да се вакцинираат. Тој потоа потврди дека не е антиваксер и дека не е сигурен извор на информации.
Тој во снимката изјави дека зел неколку различни лекови, меѓу кој и ивермектин, кој е ветеринарски лек.
Американската агенција за лекови ФДА неодамна прилично остро ги предупреди граѓаните да не користат лекови за животни, бидејќи тој лек е наменет за големи животни, како коњи, крави и слично.
You are not a horse. You are not a cow. Seriously, y'all. Stop it. https://t.co/TWb75xYEY4
— U.S. FDA (@US_FDA) August 21, 2021
ФДА: Не користете ветеринарски лекови против Ковид, не сте коњи


