Џиџи Хадид и Бредли Купер имаат „љубовно скривалиште“: Tајно се гледаат во домот на позната пејачка
Веќе извесно време се шпекулира дека актерот Бредли Купер (48) се бакнува со познатата манекенка Џиџи Хадид (28), а сега се дознало и каде тајно се среќава парот, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Џиџи и Бредли неодамна отпатувале од Њујорк за викенд, а пејачката Тејлор Свифт (33) наводно им ја позајмила својата вила на Род Ајленд.
„Тејлор е многу романтична и сака да биде Купидон за своите пријатели“, рекол изворот за „Пејџ сикс“.
Станува збор за вилата со осум спални соби, за која Тејлор пееше во нејзиниот хит „The Last Great American Dynasty“.
Пејачката таму организира прослави за Денот на американската независност, а Џиџи многу пати била на списокот на гости.
„Бредли и Џиџи имаат свои домови во Њујорк, но сакаа нешто поприватно и таму помогна Тејлор“, додал изворот.
Да потсетиме, Бредли и Џиџи ја изненадија јавноста кога почнаа гласините дека се забавуваат, иако никој од нивсè уште не потврдил дали е во романтична врска. Тие наводно се запознале преку поранешната партнерка на актерот, Ирина Шајк (37).
Актерот со Ирина ја има ќерката Леа де Сиена (7), а Џиџи е мајка на малата Каи (3), која ја доби со поранешниот сопруг Зејн Малик (30).


