Џибони проговори за здравствените проблеми: Двапати ме оперираа, се прашував како ќе преживеам

Џибони / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Хрватските пејачи Џибони и Петар Грашо проговорија за здравствените проблеми што ги имаат со видот.

Џибони призна дека двапати бил опериран, а Грашо откри дека татко му за малку ќе ослепел.

„Двапати ме оперираа и ме приклучија на инфузија, по две шишиња по 45 минути. Јас велам: ‘Како ќе запалам цигара, како ќе издржам?’. Но, потоа убаво ме доведоа во ординацијата, која веднаш ја нареков „бекстејџ“, а во „бекстејџот“ ми организираа кафе, пепелник и инфузија“, раскажал Џибони на синоќешното отворање на една клиника во Загреб.

Своето искуство го опишал и Петар Грашо, кој открил дека неговиот татко пред неколку години имал сериозен проблем со очите.

„Практично ослепе преку ноќ. Преку ноќ се разбуди слеп, сонлив и не знаеше што се случува“, рекол Грашо.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот