Џибони ја искоментира Александра Пријовиќ: Музиката е мелем за душата, секој жанр си има своја публика

Фото: Инстаграм/Џибони/Александра Пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ, која изведува турбо-фолк музика, успеа да распродаде пет последователни концерт во загрепската Арена. Овој успех ги израдува нејзините хрватски обожаватели, кои, очигледно, се многу побројни од што се претпоставуваше, а ги изненади дел од нејзините колеги од Хрватска.

Северина, Нина Бадриќ и Јелена Розга, кои важат за едни од најуспешните пејачки од Хрватска, ѝ честитаа на Пријовиќ за распродадените концерти во хрватската метропола, а сега своето мислење го искажа и музичарот Златан Стипишиќ – Џибони.

„Живеев во Берлин и Лондон – одлика на големите средини е да постојат паралелни светови. Едни одат на концерт на ‘Депеш моуд’ и мислат дека тоа е најважното на свет, други одат на Ерик Клептон и тоа, исто така, им е најважно. Во малите места, целото село доаѓа на концерт со забавна музика, а во големите средини, како што е Загреб, сосема е нормално да постојат сите светови. Луѓето ја гледаат мојата публика, па велат дека е масовна. Не е масовна, туку е верна. На Спотифај (музичка платформа), десетина пејачи имаат повеќе слушатели од мене, но луѓето доаѓаат на мои концерти. Потоа сите се обидуваат да откријат што е вистина, но јас не можам да го правам тоа, така што ништо од резултатите не ме чуди“, изјави тој за хрватски „Индекс“.

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Тој смета дека, од друга страна, нема смисла да се следат трендовите и дека неговата музика не може секому да му се допадне.

„Прошетајте низ градот навечер, погледнете ги сите прозорци што светат и не светат, зад секој прозорец живеат по тројца или четворица. Тоа е море со различни вкусови. Исто така, наоѓам секакви коментари за мојата музика, од ‘Џибони е цар’ до ‘Досадно ми е, не го разбирам’. Едноставно прифаќаш и сфаќаш дека не си за секого, фала Богу што е така. Не мислам дека музиката има некакви задни намери. Таа е мелем за душата, отворено писмо упатено до луѓето кои можат да ја почувствуваат. Некои луѓе, откако ќе раскинат врска, не можат да се пронајдат во ништо друго освен во таа народна музика, тоа е неговото отворено писмо кое може да го прочита. Нема да се најде во некој друг жанр, бидејќи тоа не е писмо за него. Секој се пронаоѓа во тоа за што е и не гледам никаков проблем во тоа. Музиката секогаш ги обединува луѓето. Што има чудно во тоа?“, објасни пејачот.

Џибони проговори за здравствените проблеми: Двапати ме оперираа, се прашував како ќе преживеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот