Фото: CHARLY TRIBALLEAU / AFP / Profimedia

Џесика Ман со потресно сведочење против Харви Вајнстин: „Постојано велев ‘не’, ме третираше како сопственост“

Актерката Џесика Ман сведочеше против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин на суд во Менхетен, изнесувајќи сериозни обвинувања за сексуално насилство, пишува „Њујорк пост“.

Таа пред судот изјави дека Вајнстин се обидел да ја присили на сексуален однос во тројка, по што, како што тврди, ја силувал во хотел во Њујорк на 18 март 2013 година. За време на сведочењето, 40-годишната актерка се расплакала додека опишувала како била оттурната на кревет и физички задржана.

„Постојано велев ‘не’ и се обидував да заминам. Ме третираше како да сум негова сопственост“, изјави Ман, додавајќи дека во еден од нападите изгубила и свест.

Ова е третпат таа да сведочи против Вајнстин. Тој првично беше осуден за силување во 2020 година, но пресудата подоцна беше поништена, што доведе до нови судења. Во актуелниот процес, Ман сведочи за два одделни напада.

Актерката се присети и на почетоците на својата кариера, кога на 27-годишна возраст го запознала Вајнстин, кој, според неа, брзо ја покажал својата мрачна страна. Таа опиша ситуација во која наводно се обидел да ја убеди да учествува во сексуален однос во тројка со италијанската актерка Емануела Постакини, по што доживеала силен емоционален слом.

Ман истакна дека во одреден период имала и доброволна врска со Вајнстин, верувајќи дека тоа може да прерасне во љубовна врска, но нагласи дека неговата моќ во Холивуд влијаела врз нејзините одлуки.

Таа го опиша како човек со нагли промени во расположението, кој често се фалел со своето влијание и врски со моќни личности, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

И покрај обвинувањата, Ман пред судот изјави дека и понатаму гледа одредени квалитети кај него, нарекувајќи го „гениј“, што предизвика реакции во судницата.

Вајнстин се изјасни дека не е виновен по новите обвиненија. Тој веќе издржува затворска казна од 16 години во Калифорнија за друго силување, а во овој случај се соочува со можност за дополнителна казна до 25 години затвор.

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад: „Им нудеше соништа, а ги бараше нивните тела за возврат!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот