Џејмс Корден исфрлен од ресторан, како „најнасилен муштерија“
На популарниот ТВ-водител Џејмс Корден му е забранет влез во популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, бидејќи насилно се однесувал кон вработените.
Сопственикот на ресторанот Кит Мекнали го нарекол водителот „најнасилниот муштерија“ бидејќи се однесувал многу лошо кон вработените во ресторанот.
Во објавата на Инстаграм, сопственикот на ресторанот напишал:
„Џејмс Корден е исклучително талентиран комичар, но мал кретен од човек и најнасилен муштерија од кога постои ресторанот, а отворен е пред 25 години.“ Тој истакна дека водителот слично се однесувал и во неговиот претходен ресторан „Кафе Луксембург“.
View this post on Instagram
Сопственикот на ресторанот истакнал дека Корден, кој го изел своето јадење, го повикал менаџерот на ресторанот за да му го покаже влакното на чинијата. Поради тоа, менаџерот му се извини.
Реакцијата на Корден била непријатна, а тој му се обратил на менаџерот со следниве зборови:
„Донесете ни уште една тура пијалаци оваа секунда. Погрижи се за сите пијалаци до сега, бидејќи ќе напишам негативна рецензија за ресторанот“, навел водителот Џејмс Корден.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Петиција против шоуто: Џејмс Корден критикуван дека е расист кон Азијците
ВИДЕО | Џејмс Корден го напушта The Late Late Show по 8 сезони