15.8 C
Скопје

ВИДЕО | Петиција против шоуто: Џејмс Корден критикуван дека е расист кон Азијците

Британскиот водител е под голем притисок да откаже еден сегмент од неговото шоу „Доцна навечер“, наречен со необично име „Spill Your Guts“ или во буквален превод „Истурете ги цревата“, бидејќи е навредлив кон азискиот народ и култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Late Late Show (@latelateshow)

За таа цел на Change.org дури се потпишува и петиција, со која е во план да се соберат 11.500 потписи за да се смени шоуто. Имено, во овој сегмент од шоуто кое се емитува со години, гости кај Корден досега биле многу славни личности, меѓу кои Ким Кардашијан, Џастин Бибер, Кендал Џенер, Криси Тајген, Мила Кунис и други, кои одговараа на разни прашања, а ако одбиеја да одговорат на некое, мораа да изедат од храната која е пред нив на масата, пишува Дејли меил“.

Кулинарските деликатеси што им се нудеа се „балут“ или т.н. еден век старо јајце, кое всушност е маринирано неиспилено јајце со веќе оформено пиле во него, потоа нозе од кокошка, варен јазик од крава и слични јадења, кои се деликатеси на азискиот народ.

Храната што Азијците ја обожаваат во шоуто е прикажана и насловена како „навистина одвратна“ или „ужасна“, само со цел да ги предизвика гостите да одговараат и на најинтимните прашања. Но, ова се всушност јадења од различни азиски култури. Ова уште повеќе го разгорува проблемот со кој се соочуваат Азијците кои живеат во Америка и често пати се напаѓани поради нивните традиционални јадења. Ова шоу ги поддржува таквите напади, се наведува во петицијата и се бара или да се смени целиот концепт на презентација на храната во шоуто или овој сегмент комплетно да се исфрли.

Поврзани вести

ВИДЕО: Погледнете како се снимал култниот филм „Dirty Dancing“

Слободен Печат

Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

Слободен Печат

„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

Слободен Печат

Трикови кои може да ви помогнат да заспиете полесно

Слободен Печат

ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Слободен Печат

ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Слободен Печат

Остави Коментар