Џејда Пинкет Смит прозборе за инцидентот на Оскарите и откри низ што поминува нејзиното семејство

вил смит
Семејството Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, проговори за инцидентот на Оскарите и за првпат јавно призна низ што поминува нејзиното семејство оттогаш.

Кон крајот на март, актерот Вил Смит го направи најголемиот гаф во својата 30-годишна кариера. Тој излезе на сцената за време на доделувањето на Оскарите и испровоциран од шегата на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, му удри шамар на комичарот Крис Рок.

Крис Рок и Вил Смит
Крис Рок и Вил Смит за време на доделувањето на филмските награди Оскар / Фото: EPA

Иако неколку минути подоцна освои Оскар за неговата главна улога во филмот „King Richard“, во следните денови неговиот чин на насилство беше осуден од Американската филмска академија со забрана на присуство на Оскарите во следните десет години, а многу продукциски куќи и филмски студија ја прекинаа соработката со 53-годишниот Смит.

Џејда и Вил Смит/ Фото: Профимедиа

Актерот јавно му се извини на Крис Рок, кој за среќа не поднел тужба против него, а сега медиумскиот молк го прекина Џејда Пинкет Смит.

џејда пинкет смит
Џејда Пинкет Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Сопругата на Вил, непосредно пред емитувањето на првата епизода од нејзиното ток-шоу „Red Table Talk“, напишала изјава во која бара разбирање.

„Ве молам земете го предвид сето она што се случи во последните недели и разберете дека семејството Смит минува низ тежок период и ние сè уште се обидуваме да се стабилизираме. Ќе споделиме дел од овој процес на нашето исцелување со вас, но кога ќе дојде време за тоа. Дотогаш, ве молиме за разбирање, а оваа емисија ќе нуди содржини за силни и инспиративни гости“, се вели во изјавата на г-ѓа Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот