Џеф Безос лобира Синди Свини да биде новата Бонд девојка, а глумицата вели дека би ѝ било позабавно да го глуми Џејмс Бонд

Не само што компанијата на Џеф Безос ги купи правата за познатата франшиза за Џејмс Бонд на почетокот на годината за вртоглави 790 милиони фунти, туку беше потврдено и дека новиот филм за агентот 007 ќе го режира Денис Вилнев, авторот на познатата сага „Дина“.

Но тоа не е сè. Безос, се чини, ги користи своите пари и влијание за да ја поддржи една од најбараните актерки во Холивуд во моментов – Сидни Свини.

Наводно, токму тој лобира 28-годишната ѕвезда да стане новата Бонд девојка, а додека се чека на конечниот избор, Безос не мирува. Тој инвестираше и значителна сума во нејзината претстојна линија долна облека.

Дека нешто се спрема беше јасно уште кога Сидни Свини се појави ова лето во Венеција, каде што беше една од гостите на раскошната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез.

За прв пат, таа реагираше на неколкумесечните гласини на филмскиот фестивал во Џорџија. На прашањето за можноста да се појави во новиот филм за 007, Сидни беше воздржана.

„Не можам“, рече таа, а потоа направи пауза неколку секунди. „Искрено, не ги следам сите тие гласини за Бонд, но отсекогаш сум била голем обожавател на франшизата и многу ме интересира што ќе прават следно. Сè зависи од сценариото“, додаде таа низ смеа и дофрли: „Мислам дека би ми било позабавно да го глумам Џејмс Бонд“.

Филмски извор тврди дека Свини моментално е „првото име на листата за улогата на Бонд девојка“.

Кога станува збор за нејзиниот бренд за долна облека, Безос и неговата сопруга наводно го инвестирале „почетниот капитал“ во приватен инвестициски фонд што ќе ѝ помогне на Свини наскоро да го лансира брендот.

Станува збор за огромен проект на кој се работи повеќе од една година, а линијата е финансиски поддржана од Бен Шверин, партнер во инвестициската компанија „Коатју“, во која Безос и технолошкиот могул Мајкл Дел наводно инвестирале 770 милиони фунти преку нивниот фонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот