Џафери конечно се огласи за аудио снимката: Не чувствувам одговорност да им се извинам на службениците

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Собранискиот спикер, Талат Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници кон кои се обрати со пцовки, што се слушна на аудио снимката од Собранискиот канал. Тој денеска на брифинг со новинарите изјави дека бил револтиран од работата на служебниците и нагласи дека тие не си ја вршеле својата работа.

Ако некој мисли дека собраниската служба треба работното време да го помине на улица Македонија, наместо на работното место, тогаш граѓаните немаат потреба од таква служба. Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата да не работи, се лаже. Имаат осум часа работно време и толку треба да се на работното место”, рече Џафери на брифингот.

Според него, пцовките не биле упатени кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата.

„Не сметам дека сум прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста. Јавноста си го кажа своето“, кажа Џафери.

Тој беше прашан и дали им се извинил на службениците, на што одговори:

„Ќе ви кажат службениците“.

Своето однесување за кое една недела не даде никаква изјава во јавност, го правдаше и со тоа дека тој како претседател спречил катастрофа на 71. седница по која дереше по службениците. Според Џафри, вработените направиле грешка затоа што му доставиле погрешни материјали и ќе се оцени дали ќе се поведе дисциплинска постапка против нив.

„Доколку се оди до крај, за таква грешка се оди дома. Материјалот кој се подготвил по гласање на дневниот ред, така како што беше подготвен, ја враќа седницата на почетокот. Ако не увидев на таква грешка, можеше да доведе во ситуација да не може да се поврати седницата. Таа не е лична работа, таа е одлука на Собранието. Собранието одлучува по дневниот ред. Такви материјали значеа седницата да се врати назад. Службениците треба соодветно да ги исполнуваат своите обврски, а ако некој и понатаму продолжи да прави такви грешки, соодветно ќе се постапи во иднина, дециден беше Џафери.

За барањето на оставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече:

„Немаат со што да се бават, се бават со мене. Треба да им затворам усти?“.

За Џафери е покрената соодветна процедура во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и материјалот е процесуиран, па тој засега одбива да коментира дали има основ за негова суспензија.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да води сметка за тоа што тие направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс на Собранието”, вели Џафери.

На брифингот со новинарите, иако дојде со Генералниот секретар, Цветанка Иванова, Џафери не и даде збор. Новинарите го праша зошто не ѝ дозволува на Иванова да даде свое мислење за неговото однесување со пцуење:

„Брифингот јас го организирам и спроведувам и не е приватна сопственост ова Собрание“.

По низата прашањата за пцостите, тој одби да одговара конкретно, а потоа, им порача на новинарите да прашуваат, но на други теми.

Само партискиот „морал“ може да го спаси Џафери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот