Паркинг на Клинички центар - Мајка Тереза - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Паркинг на Клинички центар - Мајка Тереза - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Две катни гаражи ќе никнат на Клинички — пациентите со рак ќе паркираат бесплатно, за другите исти цени како и досега

Министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа договор за да почне изградба на катни гаражи во Клинички центар „Мајка Тереза“. Со ова сосема се отфрла идејата што ја имаше претходниот министер Арбен Таравари – да му го даде паркингот на странски инвеститор со провизија од 99 проценти за инвеститорот, а само 1 процент за државата.

Алиу го отфрли јавно-приватното партнерство како модел за регулација на сообраќајот во Клинички центар „Мајка Тереза“, како што рече, бидејќи не сака да се создава сомнеж за приватен профит. Така, со паркингот ќе управува Град Скопје и Градски Паркинг и ќе се изградат две катни гаражи, а ако има потреба и трета.

„Првата катна гаража ќе биде кај Гинекологија а втората кај црквичката на големиот простор. Пациентите со карцином ќе се паркираат бесплатно, а другите по истите цени како и до сега“, рекоа градоначалникот и министерот.

Откако на 23 декември минатата година земјиштето на паркингот во Клинички центар „Мајка Тереза“ се запиша во сопственост на државата, па истото му беше дадено под закуп на Град Скопје, денеска договорот меѓу градот и Министерството е потпишан.

Со договорот за давање под закуп за организирање, управување и уредување на паркиралиштата, Град Скопје има обврска за два месеци да достави акциски план. Капацитетот на паркиралиштата, според министерот Алиу, ќе се зголеми за 50 проценти. Договорот е за период од 15 години со закупнина од 10 проценти од вкупниот остварен промет. Според министерот Алиу, Град Скопје (закупецот) е должен пред Советот на Град Скопје да предложи ценовник за билети за комерцијална употреба, за пациенти со малигни заболувања и за вработени во болниците во комплексот.

„Ќе се постави посебен дигитален водич за насочување, информативни трабли, ќе се имплементира паметен паркинг систем“, рече Алиу.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски изјави дека ќе има детекција на слободни места, ќе има брз пристап до паркинзите, а интересот на граѓаните ќе биде во прв план.

„Дојдовме до решение инвеститор да е Град Скопје, во првата фаза ќе има најмалку 500 места со две монтажни гаражи. Ако се покаже дека има потреба ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Овие паркинзи ќе се користат по истите цени, но ќе го решиме хаосот. Ќе има тендер за проектирање и изведба“, рече Ѓорѓиевски.

Во Клинички центар ќе никнат три монтажни катни гаражи, а не две како што беше најавено – капацитетот е до 1.000 возила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот