Тепачка меѓу жени / фото: архива

Две јатрви во Гостиварско се истепале заради децата

Триесет и четиригодишна жена е уапсена под сомнение дека ја нападнала својата јатрва по расправија за нивните деца, соопшти тетовската полиција. Инцидентот се случил во неделата во заедничката семејна куќа во гостиварско село.

„На 1 јуни во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека во неделата во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана со нивните малолетни деца, била физички нападната од својата јатрва. Осомничената била задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава“ соопштија од СВР Тетово.

Кумановец држел затворен свој познаник – го тепал, сексуално го злоставувал и го терал да се дрогира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот