Две години по смртта на Лијам Пејн, истрагата е во застој — сè уште се чекаат докази од Аргентина
Поминаа речиси две години од трагичната смрт на поранешната ѕвезда на „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, но конечните одговори сè уште се чекаат. На последното рочиште во Англија, судскиот вештак Криспин Батлер изјави дека истрагата е во застој бидејќи сè уште не се пристигнати клучните докази од властите во Аргентина, пишува Би-би-си.
Препорачано
Батлер истакна дека од последната ревизија во јануари 2025 година, нема нови информации или официјални извештаи преку британското Министерство за надворешни работи. Документацијата што била примена пред сослушувањето во моментов поминува низ процес на официјален превод.
Судскиот вештак потврди дека сите релевантни документи ќе бидат споделени со семејството на Пејн, кое не присуствуваше на последното рочиште во судот во Биконсфилд.

Да потсетиме, Лијам Пејн (31) почина во октомври 2024 година по пад од балкон на третиот кат во хотелот „Каса Сур“ во Буенос Аирес. Обдукцијата покажа дека причина за смртта биле повеќекратни трауми и „внатрешно и надворешно крварење“.
Минатата година во февруари, судот во Аргентина ги отфрли обвиненијата за кривична небрежност против тројца од петмината првично обвинети во врска со неговата смрт, што дополнително ја усложни правната завршница на овој случај.
Истрагата е официјално одложена до 1 декември 2026 година, кога е закажана следната предистражна ревизија. Дотогаш, британските власти се надеваат дека ќе ги добијат целосните извештаи и изјавите од очевидци од Аргентина за да можат да го затворат случајот.
ФОТО + ВИДЕО | Хари, Зејн, Луис и Најл скршени од болка пристигнаа на погребот на Лијам Пејн


