Дванаесет припадници на Националната гарда на САД отстранети од должност пред инаугурацијата на Бајден

Фото: Профимедиа

Пред инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, 12 припадници на Националната гарда беа отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет, јавија американски медиуми повикувајќи се на двајца неименувани функционери.

Тие додале дека не постоела директна закана за Бајден.

Неименуваните службеници, припадници на разузнавачката служба и војската запознати со ситуацијата, не прецизираат за кои екстремистички групи станува збор или во која единица служеле припадниците на Националната гарда.

ФБИ пред инаугурацијата на Бајден спроведе безбедносна проверка на 25.000 припадници на Националната гарда испратени во Вашингтон за да го обезбедат настанот, во услови на загриженост за потенцијален напад од „инсајдери”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот