Двајца Македонци во тимот на деценијата на Ријека

Навивачите на хрватскиот тим не ги забораат игрите на Стефан Ристовски и Леонард Жута.

Навивачите на Ријека ги избраа најдобрите фудбалери кои настапуваа за овој хрватски тим во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, и во него се најдоа Ристовски и Жута.

Стефан Ристовски две сезони (2015-17) го носеше дресот на Ријека и за тоа време настапи на 86 натпревари притоа давајќи два гола и имаше 16 асистенции. Жута на „Кантрида“ играше од 2015 до 2018 година, и притоа одигра 139 натревари на кои даде два гола.

Најголемиот успех во изминатата деценија на Ријека беше освојувањето на титулата во 2017 година кога стандардни играчи во одбраната беа токму македонските интернационалци и не залудно навивачите ги избраа во најдобриот тим.

Ристовски по освојувањето на титулата, се пресели во Спортинг Лисабон каде се уште игра, додека во 2018 година потпиша за турскиот тим Коњаспор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот