Фото: Принтскрин/НАСА/Икс/Твитер

Двајцата атронаути кои „заглавија“ во проблематичната капсула на „Боинг“, на Земјата ќе се вратат во февруари идната година

Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека е премногу ризично да се вратат двајца астронаути Сунита Вилијамс и Бери Вилмор на Земјата во проблематичната нова капсула на „Боинг“, па ќе мора да почекаат до следната година за да се вратат со помош на „Спејс Икс“.

Пилотот Вилијамс и командантот Вилмор полетаа со новото вселенско летало на Боинг на 5 јуни и требаше да останат во орбитата осум дена по приклучувањето со Меѓународната вселенска станица.

Сепак, поради проблеми со погонскиот систем на „Старлајнер“, враќањето на астронаутите на НАСА на Земјата беше одложувано неколку пати. Таму се веќе повеќе од два месеци.

Леталото „Спејс Икс“ треба да биде лансирано следниот месец како дел од рутинска мисија.

Вилијамс и Вилмор го поддржаа овој план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот