Двајца скопјани сами фалсификувале ПЦР тестови, паднаа на Табановце

ПЦР тест / Фото: Архива

Синоќа во 22.50 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при  гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Тие во службен разговор признале дека фалсификуваните ПЦР тестови ги направиле сами. Од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот