ВИДЕО | Двајца Американци се уапсени во Јапонија, упаднале во живеалиштето на интернет-ѕвездата, мајмунот Панч
Двајца мажи, американски државјани, се уапсени во Зоолошката градина Ичикава во близина на Токио поради тоа што упаднале во живеалиштето на мајмуните макаки, пренесува „Еуроњуз“. Нивна цел бил Панч, популарниот мажјак кој поради својата трогателна животна приказна стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.
Препорачано

Како што пренесува агенцијата Кјодо, престапниците очигледно сакале одблизу да ја видат главната атракција на зоолошката. Едниот од нив ја прескокнал безбедносната ограда и влегол во живеалиштето, додека другиот со мобилен телефон го снимал упадот.
Според соопштението на полицијата, уапсените се идентификувани како 24-годишен студент и 27-годишен пејач.
I can’t tell you how many videos I’ve seen of this little guy and his new best friend 🥹
📍 Ichikawa City Zoo and Botanical Gardens, Japanpic.twitter.com/FHkjvuVAAR
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) February 13, 2026
За потсетување, Панч е роден во јули минатата година, но мајка му го отфрлила веднаш по раѓањето. За да му ја ублажат осаменоста и да му пружат утеха, чуварите во зоолошката градина му дале кадифена играчка во форма на орангутан.
Малиот макаки и неговото кадифено мајмунче набрзо станаа вирален хит на социјалните мрежи. Сцените во кои Панч цврсто ја гушка, ја бакнува и не ја испушта својата играчка дури и додека спие, ги разнежија срцата на милиони луѓе ширум светот и му донесоа планетарна слава.
Иако Панч сè уште го сака својот кадифен пријател, чуварите наведуваат дека во последно време поретко го носи со себе. Малечкото почна успешно да се социјализира и полека се вклопува во заедницата со останатите мајмуни, што покажува дека пред него е светла иднина, под услов посетителите да го остават на мир.


