Двајца Балканци во идеалната петорка на Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска Евролига ја објави идеалната петорка за натпреварувачката сезона 2022/2023, соопштено е на официјалниот сајт на елитното клупско кошаркарско натпреварување.

Најдобрите пет играчи се Матијас Лесор од Партизан, Лоренцо Браун од Макаби, Саша Везенков од Олимпијакос, како и двајцата членови на Реал Мадрид, Џанан Муса и Валтер Таварес.

Членовите на медиумите, тренерите на Евролигата, капитените на тимовите и навивачите гласаа за изборот на најдобрите играчи за оваа сезона.

Потсетување дека Ф4 турнирот во Евролигата ќе се игра во Каунас, Литванија на 19 и 21 мај.

На 19 мај се полуфиналните мечеви Олимпијакос – Монако и Барселона – Реал Мадрид, а два дена подоцна се натпреварот за третото место и финалната битка за пехарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот