Бернардо Силва („Манчестер сити“)/Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Два европски гиганти имаат сериозен интерес за Бернардо Силва

Барселона и Јувентус се меѓу клубовите кои покажуваат интерес за капитенот на Манчестер сити, Бернардо Силва, објави „Скај Спортс“.

Англиските медиуми објавија дека двата фудбалски гиганти долго време го следат португалскиот интернационалец, за кого помошникот на менаџерот Пеп Гвардиола, Пеп Линдерс, потврди дека ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната.

Сепак, 31-годишниот играч од средниот ред сè уште не донел одлука за својата иднина, па дури и се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија или во американската МЛС лига.

Бернардо Силва е неопходен дел од системот на Пеп Гвардиола уште од неговата втора сезона на клупата на „граѓаните“. Португалецот пристигна на стадионот „Етихад“ во јули 2017 година, а оттогаш има 450 мечеви во сите натпреварувања, на кои постигна 76 гола.

Оваа сезона, плејмејкерот, кој има шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купа и еден трофеј од Лигата на шампионите, ја доби капитенската лента и досега има одиграно 43 натпревари од можни 50.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот