Дури 97 отсто од хрватските лекари се незадоволни од статусот во Законот за работни односи

Лекар/ Фото: МИА

Во Хрватска, 97 отсто од лекарите се незадоволни од нивниот статус во Законот за работни односи, покажува истражувањето спроведено од медицински организации на повеќе од 14.000 лекари испитаници.

На анкетата одговориле 5.700 лекари, од кои повеќе од 97 отсто се изјасниле дека се незадоволни од статусот во законот за работни односи, а 94 отсто од нив ги поддржале протестните активности.

Анкетата ја спроведоа Хрватскиот лекарски сојуз, Хрватското здружение на болнички лекари, Координацијата на хрватската семејна медицина (КоХОМ) и Иницијативата за млади лекари, што, како што соопшти ХЛК, дава силен легитимитет на тие загрижувачки бројки.

Од понудените активности, убедливо најмногу лекари (73 отсто) избрале јавен протест, а 61 отсто од нив се подготвени да штрајкуваат, што укажува дека „лекарите се уморни од празни ветувања, вечно купување време, одложување на неопходните промени и ПР претстави“.

Медицинските организации до крајот на неделата ќе се договорат со која активност ќе започнат откако за тоа ќе одлучат нивните раководства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот