Фото: Град Скопје

Дури 19 градоначалници не пријавиле со колкав имот седнуваат на функција – Арсовска не се одјавила, а Ѓорѓиевски ниту се одјавил, ниту се пријавил

Дури 19 градоначалници од вкупно 80 општини не го пријавиле имотот во Антикорупциската комисија, односно не кажале со колкав имот доаѓаат на функцијата, а 35 не пријавиле со колкав имот си заминуваат. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски не поднел изјава за престанок на функцијата како градоначалник на Кисела Вода, ниту пак изјава за имотната состојба кога беше избран за градоначалник на Град Скопје и нему ќе му бидат издадени два прекршочни налози.

-Поради интензивните работни обврски поврзани со преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје и итното ставање во ред на состојбите затекнати во градот, кои беа во алармантно лоша состојба, во изминатиот период не беше поднесен анкетниот лист до Државната комисија за спречување на корупцијата. Градоначалникот ќе ја испочитува законската обврска и во наредните денови ќе го поднесе анкетниот лист до ДКСК – велат од Кабинетот на градоначалникот за „Слободен печат“.

Оттаму појаснуваат дека Ѓорѓиевски немал суштински промени во својот анкетен лист во споредба со податоците што ги пријавил како градоначалник на Кисела Вода. Но, на веб страницата на ДКСК го нема неговиот анкетен лист ниту кога бил градоначалник од Кисела Вода бидејќи е променето софтверското решение и сега градоначалниците обрасците ги пополнуваат електронски.

Освен Ѓорѓиевски анкетен лист не доставиле ниту новиот градоначалник на Кичево Александар Јованоски, Нико Чонески од Крушево, Дарко Костовски од Бутел, Бети Стаменкоска – Трајкоска од Кисела Вода.

Градоначалници кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси во законски предвидениот рок по избор на функцијата

1. Mитко Kостадиновски – општина Виница
2. Aлександар Jовановски – Кичево
3. Нико Чонески – Крушево
4. Менди Ќура – Струга
5. Курто Дудуш – Шуто Оризари
6. Орце ѓорѓиевски – Град Скопје
7. Дарко Костовски – Бутел
8. Андон Сарамандов – Гевгелија
9. Александар Стојкоски – Ѓорче Петров
10. Бети Стаменкоска-Трајкоска – Кисела Вода
11. Тодорче Николовски – Кратово
12. Стевче Стевановски – Новаци
13. Александар Китански – Пехчево
14. Јане Мицевски – Сопиште
15. Иван Јорданов – Штип
16. Даут Беќири – Арачиново
17. Блјерим Сејдиу – Желино
18. Еркан Арифи – Липково
19. Суат Шаќиров – Чашка

Исто како и Ѓорѓиевски на двата списоци ги има и Костовски и Дудуш, а со колку имот заминала не пријавила ниту поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

Лица кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата градоначалник:

1. Данела Арсовска – Град Скопје
2. Тони Коњановски – Битола
3. Бесник Емши – Боговиње
4. Дарко Костовски – Бутел
5. Андон Сарамандов – Гевгелија
6. Киро Нацков – Градско
7. Зоран Ногачески – Дебрца
8. Анго Ангов – Дојран
9. Урим Ибески – Долнени
10. Александар Стојкоски – Ѓорче Петров
11. Бљерим Сејди – Желино
12. Коста Маневски – Зелениково
13. Александар Георгиевски – Илинден
14. Митко Јанчев – Кавадарци
15. Стевчо Јакимовски – Карпош
16. Орце Ѓорѓиевски – Кисела Вода
17. Љупчо Папазов – Кочани
18. Тодорче Николовски – Кратово
19. Еркан Арифи – Липково
20. Димчо Атанасовски – Македонска Каменица
21. Горан Стојанов – Неготино
22. Стевче Стевановски – Новаци
23. Борче Митевски – Петровец
24. Александар Китански – Пехчево
25. Алија Јаоски – Пласница
26. Драган Анастасов – Пробиштип
27. Ацо Ристов – Радовиш
28. Борче Спасовски – Ранковце
29. Костадин Костадинов – Струмица
30. Азем Садики – Студеничани
31. Нухи Незири – Теарце
32. Горан Стојановски – Чашка
33. Сашко Комненовиќ – Чучер-Сандево
34. Иван Јорданов – Штип
35. Курто Дудуш – Шуто Оризари

Овие листи ги соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата, од каде го цитираат Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

-Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба – соопштуваат оттаму.

Од чистење и многу работни обврски, скопскиот градоначалник не стигнал да достави анкетен лист

Велат дека ќе ја следат состојбата и оние кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави и ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот