Дури 172 лица не го почитувале полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од нив приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени секонтроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот