Дупјачанец го напушти Металург, од следната сезона ќе игра во Франција

Даниел Дупјачанец ќе ги брани боите на Вилербан/Фото: РК Металург/rkmetalurg.mk

Даниел Дупјачанец (38) од следната натпреварувачка сезона 2022/2023 ќе ги брани боите на францускиот второлигаш Вилербан.

Македонскиот голман од 2019 година настапуваше за скопски Металург со кој имаше и одлични перформанси во Лигата на шампионите.

Во својата кариера на интернационален план беше дел од иранскиот Алуминиум Арак, косовските БЕСА и Приштина, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и полскиот Азоти-Пулави.

Вилербан успеа сезонава да обезбеди опстанок во втората француска лига освојувајќи го 14 место.

Овој клуб ја информираше јавноста дека нашиот чувар на мрежата потпиша договор кој ќе трае до 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот