ДУИ: Вреди не ги претставува Албанците, туку оправдувањата на тие што сакаат да го потчинат албанскиот јазик

Тоа значи дека правната основа постои, правото постои, обврската постои. Она што не постои е политичкиот достоинство на Вреди

Вреди не ги претставува Албанците. Вреди денес ги претставува оправдувањата на тие што сакаат да го потчинат албанскиот јазик , порача ДУИ.

-Откако студентите по право ги разобличија со протест, откако јавноста ја виде нивната немоќ во Владата, сега излегоа со нова измама: се обидуваат вината да ја префрлат во минатото, само за да го сокријат сопственото предавање во сегашноста. Да разјасниме. Во тој закон воопшто не постои одредба за јазикот. Нема забрана за албанскиот. Нема уредување ни за македонскиот. Нема никаква јазична клаузула. Значи, свесно ја лажат јавноста – велат од ДУИ.

Од партијата додаваат дека Законот за употреба на јазиците ова прашање јасно го уредува. Член 23, параграф 5, предвидува дека ако другите закони не се усогласат во законскиот рок, предност имаат одредбите одзаконот за јазиците.

-Тоа значи дека правната основа постои, правото постои, обврската постои. Она што не постои е политичкиот достоинство на Вреди. Наместо да бараат спроведување на законот, тие бараат оправдувања. Наместо да ги бранат албанските студенти, тие го бранат Министерството што им го ускратува правото. Наместо да се соочат со неправдата, тие ги напаѓаат тие што го кренаа гласот. Ова е нивното вистинско лице: албански декор во Владата, функција против албанскиот интерес – велаат од ДУИ.

Според партијата, не се тестираат студентите на правосудниот испит туку се тестира Вреди и таа падна. Паднаа на испитот за достоинство,
паднаа на испитот за претставување и на на испитот за албанскиот јазик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот