ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ со Левица е во мртва трка за поттикнување етничка нетрпеливост

Демократската унија за интеграција преку соопштение до јавноста потсетува дека и втор ден по ред по, како што ги нарекува, скандалозните изјави на Александар Николоски во кои повикува на војна среде собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани.

„Николоски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во кој што демонстрира закани кон Албанците. Мицкоски сѐ уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики“, пишува во соопштението од ДУИ.

Од партијата додаваат дека „мртвата трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии“. Тоа, според ДУИ, е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот