Дуа Липа има нов дечко: Го замени 14 години постариот режисер со познат британски актер

Фото: Инстаграм / ЕПА

Пејачката Дуа Липа (28) и британскиот актер Калум Тарнер (33) неодамна беа видени како танцуваат на забава во Лос Анџелес по премиерата на неговата воена серија „Мајстори на воздухот“.

Откако ги поттикна гласините за нивната романса, извор за „Пејџ сикс“ сега потврди дека тие навистина се заедно.

„Ново е, но тие се луди еден за друг“, рекол изворот и додал дека пејачка дошла на неговата премиера да го поддржи.

Инаку, актерот претходно се забавуваше со Ванеса Кирби, која ја играше принцезата Маргарет во серијата „Круната“ од 2016 до 2017 година. Откако раскинале, извор објаснил за британскиот весник „Сан“ што довело до нивната разделба.

„Ванеса и Калум се ѕвезди во подем во актерскиот свет и беа преплавени со понуди во последните неколку години. Но, како што нивните кариери тргнаа, нивната врска страдаше и тие постепено се оддалечуваа“, рече тој.

Дуа Липа претходно беше во врска со режисерот Ромен Гаврас, 14 години постар од неа. Тие раскинаа минатиот декември по осум месеци врска.

Бившиот на Рита Ора: Дуа Липа се појави со 14 години постариот дечко на Кански филмски фестивал

Дуа Липа раскина со бившиот на Рита Ора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот