Дуа Липа раскина со бившиот на Рита Ора

Фото: Castel Franck/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Дуа Липа (28) раскинала со режисерот Ромен Гаврас (42) по осуммесечна романса, пишува „Сан“.

Познатата пејачка потврди дека се забавува со поранешното момче на Рита Ора, Ромен уште во март, кога беа фотографирани како заедно одат дома од ревијата на Сен Лорен на модната недела во Париз.

„Дуа и Ромен се разделија по љубовното лето“, вели изворот, додавајќи дека пејачката сакала да се фокусира исклучиво на својата музика кога ќе го објави третиот албум. „Роман ја сметаше Дуа за воркохолик, но таа нема да престане за ништо и за никого“, продолжи изворот.

Сега веќе поранешниот пар последен пат бил виден минатата недела кога им се придружил братот на Дуа Липа, Џин. Дуа Липа еднаш објасни дека нејзиниот следен албум ќе биде „навистина личен, ранлив и искрен“.

„Тоа се различните чувства и емоции што ги имав кога бев сингл. Исто така, тоа е разбирање. Разбирање што сакате, што ви треба и што заслужувате. Почнува од фазата на разбирање кога сте сингл во потенцијално нова врска. Потоа, тука се оние рани денови кога ќе ја видите вистината зад некого – дали е вистински или не. Или кои се тие“, откри пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот